(Видео) Меркел го коментираше капутот на Путин, тој не ја сфати шегата

Лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција се сретнаа во Истанбул за да разговараат за Сирија..

Камерите забележаа една интересна ситуација, додека челниците излегуваа надвор од зградата во која се одржа состанокот.

Рускиот претседател Владимир Путин го закопчувал капутот, а германската канцеларка Ангела Меркел го прашала: „Дали е сибирски капут?“. Со оглед на тоа што во Истанбул било релативно топло со 17 степени, на Меркел ѝ паднало невообичаено што Путин носи капут.

Путин на оваа шега на Меркел одговорил само кусо: „Не“.Макфакс



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top