(ВИДЕО) Меси навистина се исплаши: Апаратот за мерење температура потфрли во најлош момент

Барселона полесно отколку што се очекуваше синоќа во натпреварот од 34-то коло на Ла Лига ја совлада екипата на Виљареал со резултат од 4-1.

Каталонците успеаја да се извлечат со победа и да се задржат четири бода зад лидерот Реал Мадрид, па тие сè уште имаат колку толку шанси да ја одбранат титулата на крајот на сезоната.

Еден од најдобрите на теренот синоќа беше Лионел Меси кој запиша две асистенции.

Но, интересна ситуација со Меси се случи пред почетокот на натпреварот. Секој што ќе влезе на терен мора да ја измери температурата, а Меси имаше проблеми со тоа.

Имено, Меси мораше да ја измери температурата неколку пати пред да влезе на стадионот и многумина за момент помислија дека е покачена. Но, за среќа се покажа дека е проблем со апаратот кој потфрли кога се појави Аргентинецот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top