(ВИДЕО) Метеорит ја погодил месечината за време на затемнувањето

Метеорит ја погодил Месечината за време на затемнувањето на 21 јануари 2019 година. Ова е прв ваков настан кој некогаш бил забележан за време на целосното затемнување на Месечината..

Метеоритот бил околу 2 килограма тежок. Тој ја погодил површината на Месечината на самиот почеток на затемнувањето. Првично било забележано од корисници на социјални мрежи кои не биле сигурни дали замислуваат или има дефект на опремата со која се гледало затемнувањето. Потоа, водечките астрономи брзо го испитале случајот и го потврдиле реткиот случај.

Анимирана верзија на ударот е објавена на Твитер од Christian Froschlin - астроном аматер од Холандија, на чие видео ударот од метеорит е јасен.
Хозе Марија Мадиедо, астроном од Универзитетот Huelva во Шпанија, потврди дека навистина станува збор за паѓање на метеорит на Месечината, откако и осумте телескопи на универзитетот го регистрирале ударот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top