(ВИДЕО) Мицкоски го изгушка Ахмети на денот на независноста на Република Македонија

Двајцата лидери се сретнаа во хотелот Мериот.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети се сретнаа и изгушкаа во хотелот Мериот.

Кога вмровците веруваа дека нивниот лидер ги застапува нивните интереси, тој оди во спортивна насока.

Во минатото улогата „политички папа“ долго време ја имаше Бранко Црвенковски, но во последниве неколку години таа улога за презеде Али Ахмети благодарение на македонските политичари кои зборуваат едно пред камери, а прават друго зад затворени врати.

Еден таков доказ е вчерашната средба во хотелот Мериот каде Мицкоски му се приближи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и го прегрна без да си го честитаат 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија.

На социјалните мержи овој потег наиде на бројни реакции од страна на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои не можат да поверуваат дека нивниот лидер отиде „на баци рака“ кај Али Ахмети.

Дали позади ова се крие барање на Мицкоски „Фамилијата“ да не заврши зад решетки?



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top