(ВИДЕО) Мицкоски порача дека „заевизмот“ паѓа и доаѓа обновата

Обраќање на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, од Битола.

Вчера во Битола поминав прекрасен ден. Ме радува големот одзив на нашата акција „Разговори за обнова на Македонија“, ме радува тоа што и покрај големите проблеми кои ги создава ненародната влада, сепак народот не потклекнува и не се предава, туку напротив има мотивација и инспирација да се избори за подобра иднина, го гледам тоа во очите на граѓаните, го препознавам во секој стисок на рацете, во секој нивен збор. Тоа е обврска повеќе за мене и за мојот тим да го вложиме секој атом од нашата сила за да испорачаме решенија за проблемите.Нашата извесна и скорешна победа е заедничка со народот и тоа ја прави уште поголема и позначајна.

Заевизмот паѓа! Обновата доаѓа! Благодарам Битола, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top