(ВИДЕО) Мицкоски: Законот да важи за сите, без разлика дали се од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ

Мицковски нагласи дека програмата на Вмро-Дпмне се темели на три столба. Првиот е владеењето на правото, вториот дигитализацијата, а третиот е македонизмот назад во Македонија она коешто денеска насушно ни е потребно..

На 12 април ќе се случи третиот Илинден и од тогаш со народот ќе отпочнеме да испишуваме една нова историја на  европска и просперитетна држава, рече  преседателот на Вмро-Дпмне Христијан Мицковски во своето обракање на собирот во Кочани во рамки на кампањата Разговори за обнова на Македонија. За Заев рече дека деновиве позади завеса се догавара со оние остатоци коишто ги направија уставните измени во Собранието и сака на мала врата преку Уставен да ја реактуелизира аболицијата, а притоа виновен да го направи ВМРО-ДПМНЕ. Мицковски потенцираше дека се против шверцеска аболиција, но и дека ќе имат нулта толеранција кон политичарите кои се огрешиле.

На 13 април преиспитајте се што сте правеле вие господа од СДСМ .Нема ниту една аболиција ,ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси .Од прв до последен ќе одговарате за злоделата што ги направивте на овој народ и оваа држава –рече Мицковски

Во своето обраќање МИцковски се осврна и на СЈО, кое го нарече алатка на Заев за вршење на притисок,уцени и рекетирања на бизнисмени, претварајки ја колевката на правдата во дувло на криминал.

Да може да корумпираат директно или индиректно судии , да вработуваат внуци,ќерки, соседи на судии за да може да носат пресуди како онаа којашто ја донесоа оние судии за случајот ПОткуп, каде што цела нација, целио народ гледаа како Зоран Заев бараше евро за брат му , евро за црквата .Ама вие тоа не сте го гледале, не сте го слушале затоа што преку СЈО се корумпираа тие луге-рече МИцковски

Во својот говор Мицкоски се осврна на лошата економска состојба во која се наога државата, за иселувањето на младите, за стагнацијата на странските инвеститиции, за падот на вработувањето во индустријата, како и манипулирањето со пензионерите, кои наместо да добијат покачување, тие добија месечно намалување од 700 денари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top