(ВИДЕО) Милан победи, но зарем е можно ова да го промаши Ибрахимовиќ

Милан со доста мака, но успеа да дојде вечерва до победа кај Бреша со 0-1 и на тој начин врза девет бодови во низа..

Во финишот на првото полувреме, во 40. минута тимот од Милано имаше колосална шанса за гол, но искусниот Златан Ибрахимовиќ ја промаши.

Тео Хернандез му сервираше топка на Швеѓанецот која му легна директно на нога, но Златан не успеа да го постигне вториот гол по враќањето во дресот на „росонерите“.

Победничкиот гол за Милан го даде Анте Ребиќ во 71. минута за кого ова беше трети гол во низа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top