(ВИДЕО) Милановиќ – Груевски: Силна поддршка од Хрватска за Македонија

Македонија мора што е можно побрзо да биде таму каде што и е местото – во НАТО и ЕУ, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Македонија мора што е можно побрзо да биде таму каде што и е местото – во НАТО и ЕУ, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски, кој вчера престојуваше во официјална посета на Хрватска.

Милановиќ, нагласи дека Македонија што поскоро треба да ги почне преговорите за приклучување во ЕУ, а влезот во НАТО да биде веднаш, бидејќи Македонија, како што рече, беше во акцискиот план за членство во НАТО пред Хрватска. 

Премиерот Груевски рече дека очекува Хрватска, која веќе е член на ЕУ, да биде и натаму наш силен поддржувач, притоа истакнувајќи дека Македонија ги исполни стандардите за влез во ЕУ, но се бараат начини за решение на спорот што, како што рече, ни го наметна нашиот јужен сосед и да се отвори патот за интегрирање во НАТО и ЕУ.

- Она што е значајно е дека Македонија уште од 2009 година ги исполни стандардите за почеток на преговори со ЕУ за полноправно членство и оттогаш натаму ја повторува препораката за почеток на преговорите со Македонија, а од 2008 година, кога Хрватска стана членка на НАТО, Македонија ги има исполнето условите за полноправно членство и во Алијансата - рече премиерот Груевски.

Практично, додаде Груевски, да не беше спорот со нашиот јужен сосед, планот на НАТО беше Македонија да стане членка на Алијансата истовремено со Хрватска. 

- Веќе бевме при крај со преговорите за полноправно членство во ЕУ. За жал, овој проблем ни создаде многу штети, но неговото решавање не зависи само од нас, туку во голема мера зависи од тој што го создаде - истакна македонскиот премиер.

Целата прес-конференција погледнете ја во видеото



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top