(ВИДЕО) “МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” НОВ НАЧИН НА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

Настан одржан на 29 Ноември 2018 – библиотека Мил Парк.

За последна активност за 2018 година МЛД “Kочо Рацин” Мелбурн, избра и организира литературно читање. Ова читање беше насловено “Мојата омилена приказна”со цел да отвори можност за поголем интерес кон книгата и јазикот меѓу нашите Македонци во Викторија. Исто така една од целите беше да преку читањето на омилени приказни изразени преку поезија и проза, се оддаде почит кон авторите на делата, промоција на македонскта литература во Австралија што е многу значајно за негувањето на македонскиот јазик. 

Во склоп на оваа вечер беше организирана и едукативната програма за деца “Од буква до буква – азбука” во која учествуваа: Емили, Оливија, Оливер, Михаил и Ајзек. Литературното читање беше повеќе од успешно, навистина предизвика голем интерес а настанот беше одлично организиран. 

Во изборот од членовите но и пријавените учесници уживавме во убавите извадоци од драми, романи, поеми на Македонски и Англиски. Се започна со извадок од драмата Антица на еден од првите македонски драмски писатели, Ристо Крле а беше избор на Гордана Димовска, следуваше расказ за грабнувањето на Калина од турскиот аскер и нејзиното проштално писмо до мајка и (Даниел Димовски), дел од современиот роман на Сашо Димоски (Алма Малер), (Дона Д. Кантаровска), мемоари од книгата на Андон Дончевски прочитани од Маја Б. Талеска прекрасно прозвучија и авторски поеми и четива  од Вера Горгиевска, Крсте Наумовски (Грамотник), заедно со Дона ја прочитаа и поемата Јагула од Анте Поповски, Стеван Ацески (Солунски браќа). Прекрасни настапи имаа и гостите кои се пријавија да читаат: Танас Петрин со поеми од неговиот татко: Деца бегалци, Песна за Нерет и Крушевската република, Василка Патерас (Празнина и Невена), Вера Мажеска (Т’га за југ и свои поеми), Сашка Ставреска (Македонец да си), Розита Груевска (Не дај боже). За првпат настапи и Адриан Горгиевски кој со голема љубов прочита свој состав за Александар Македонски. Учеството на младите генерации Македонци, нека биде поттик и за сите други наши деца во заедницата да се вклучуваат во активноситите на литературното друштво и да го чуваат македонскиот јазик. Се оддаде почит и кон починатиот познат драмски писател Горан Стефановски познат по драмите “Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, и добитник на престижниете награди: „Стале Попов“

Легендата на македонскиот спорт, Г-динот Андон Дончевски подари неколку книги на друштвото меѓу кои и Дончо Национале каде се опишуваат неговиот огромен придонес за македонскиот спорт, за обединувањето на македонската фудбалска репрезентација под македонското знаме.

МЛД Кочо Рацин изразува голема благодарност за поддршката на медиумите: СБС радио (Васе Коцев, Маргарита Василева, Маја Б. Талевска, весниците АМН и Денес (Игор Павловски), Пленти Вали Радио (Танас Петрин, Сузана и Вера),веб порталот Фаланга (Никола и Сашка Ставрески), Вангел Патерас за видео снимки од настанот, Андон Дончевски и Доне Димов (Камбера) за поддршката и подарување на книги за друштвото. Ги поканува сите Македонци да ги посетуваат овие културни настани од големо значење и интерес за сите генерации.

www.mldkocoracin.blogspot.com

Email: [email protected]

Во обраќањето Гордана Димовска рече: Се заложивме од самото формирање да ја промовираме македонската литература, да го негуваме јазикот во сите форми и на сите можни начини. Важно е да му се даде посебно место на читањето. Тоа е корисно за развојот на мислата, збогатување на речникот, подобра комуникација, изразување на она што сакаме да го кажеме, развивање на мечтаењето, намалување на стресот. Читањето е како копче за пауза, треба да подзастанеш и да се концентрираш кога читаш. Придобивките од оваа зголемена активност ја заоструваат меморијата и способноста за учење. Книгата е извор на знаење, јазикот е коренот на нашето постоење и препознатлив национален белег.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top