(ВИДЕО) Мониторинг мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се повлекува од Македонија

Претседателот на Македонија Сетво Пендаровски на прес-конференцијата по заседавењето на Советот за безбедност информираше дека мисијата на ОБСЕ и ОДИХР со официјален дотпис го известиле дека се повлекуваат од Македонија..

Пендаровски истакна дека за два до три дена и физички ќе се повлече од нашата земја мисијата на ОБСЕ и ОДИХР.

Ова беше одговор на прашање во врска со одложувањето на изборите.

Ианку, Пендаровски рече дека не гледа проблем изборите да бидат одложени, додавајќи дека и во 2015 година изборите биле два пати одложени и тоа во време кога немало пандемија.

„Не гледам проблем да бидат одложени изборите бидејќи и во 2015 година два пати ги одложувавме изборите, а Собранието се врати во заседание за да изгласа нов датум за одржување на изборите“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека не се согласува со констатацијата на Собранискиот спикер Талат Џафери дека Собранието е распуштено, посочувајќи дека и самиот тој денеска на Советот за безбедност учествувал како претседател на Собранието, но и дека Законодавниот дом е во постојано заседание.

Претседателот кажа и дека сите 120 пратеници остануваат со својата функција се додека не се избере нов пратенички состав и дека може да бидат свикани во било кое време.

Изјавата е на 12:50 од видеото.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top