(Видео): Мурињо ја напушти прес конференцијата

Жозе Мурињо ја напушти прес-конференција откако беше изреволтиран од прашањето за Де Брујн од страна на еден англиски новинар..

Во пресрет на вечерашниот натпревар со Стеауа од групата Е од Лигата на шампионите Жозе Мурињо беше вознемирен од прашањата на прес-конференцијата во Букурешт за изоставувањето на играчот од средниот ред Кевин де Бруин. Тренерот на Челзи изјави дека не бил импресиониран од играта на Белгиецот минатата недела против Свиндон Таун во Лига купот, ниту, пак, од неговите неодамнешни партии на тренинзите.

„Тој не е избран. Тоа е моја одлука. Се обидувам да одлучувам според тоа што играчите го покажуваат на теренот и на тренинзите“, изјави Мурињо пред новинарите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top