(ВИДЕО) Мурињо на пенали го елиминира „ученикот“ Лампард од Лига купот

Фудбалерите на Тотенхем по подобро изведување на пенали го совладаа Челси во осминафиналето од англискиот Лига куп..

Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а Тотенхем во пенал серијата победи со 5:4.

Клучниот пенал во петтата серија не го реализира Мејсон Маунт, односно голманот на Тотенхем, Уго Лорис го одбрани неговиот удар.
Екипата на Челси во 19. минута поведе со одличниот гол на Тимо Вернер кој шутираше од 16-тина метри. Ова беше дебитантски гол за Вернер во дресот на Челси.

„Сините“ предноста ја одржуваа се до 83. минута кога Ерик Ламела ја искористи асистенцијата на дебитантот во Тотенхем, Серхио Регулион и израмни на 1:1.

Во пенал рулетот, фудбалерите на двете екипи беа прецизни во првите четири серии, по што во петтата Лорис го одбрани ударот на Маунт, додека на спротивната страна прецизен беше Хари Кејн.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top