(ВИДЕО): Мурињо со ново шоу - по ремито со Севиља, доби прашање, па го гушна новинарот

Екипата на Манчестер Јунајтед одигра реми без голови против Севиља во првиот 1/8 финален меч од Лигата на шампионите, а тренерот на гостите Жозе Мурињо во микс зоната направи едно мало шоу..

Новинарот го запраша Португалецот за перформансот на Скот Мектоминај, притоа упатувајќи пофални зборови за овој фудбалер, на што Мурињо праша:

„Дали може да те гушна. Ти благодарам, ти благодарам“, рече Жозе и го гушна новинарот.

Изненадениот новинар на ова низ шега му кажа: „Повеќе нема прашања за Погба“



Scroll To Top