(ВИДЕО) Музичарите на протест пред Владата, денес 317 заразени од корона

Претставници на ноќните клубови од земјава, заедно со дел од музичарите, денеска излегоа на протест пред Владата против најновите одлуки за заштита од коронавирусот, а денeс бројот на заразени е рекордни 317..

Според одлуката на Владата за новите протоколи, се забранува гостување на диџеи и пејачи, во угостителски објект ќе може да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Протестот почна со музика од импровизиран ноќен клуб пред Владата. Голем број музичари и уметници од земјава дојдоа да им дадaт поддршка на своите колеги, кои се засегнати од ситуацијaта. Наум Петрески, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Анета Мицевска, Сузана Гавазова, Панчо ДНК, беа само дел од имињата присутни пред Владата.

Музичарите и угостителите најавија дека ќе организираат нов помасовен протест ако нивните барања не бидат прифатени.

„Бараме специјални протоколи за одржување свадби и музички настани. Ако не нè прими премиерот Заев во рок од два дена, на 11 октомври ќе имаме уште еден протест. Тогаш ќе има и од сите градови од Македонија. Ќе излеземе со сите наши музички инструменти и ќе кренеме врева и глас. Мора да се избориме за ова и ние имаме деца за хранење“, рече на протестот Даниел Сидовски, претставник на музичарите и свадбените работници.

Соодветни протоколи за работа побараа и рестораните што организираат свадби. Тие рекоа дека не бараат печалба среде кризата, туку основна егизистенција. Според организаторите на протестот, од пандемијата на коронавирусот загрозени се над 20.000 работници.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top