(ВИДЕО) Најбизарен момент на самитот: Ким, погледни го мојот „ѕвер“

Како најбизарен момент од средбата меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун во Сингапур, светските медиуми го издвоија оној кога Трамп на Ким му го покажа својот „ѕвер“..

Станува збор за оклопно возило маскирано во лимузина.

Трамп, според лондонскиот Дејли меил, му дозволи на лидерот на Северна Кореја привилегија каква што имаа само ретки државници преку отворената задна врата на специјално дизајнираниот Кадилак да ја види внатрешноста на претседателскиот автомобил.

Ова, како што известуваат медиумите, се случило за време на дружењето на двајцата претседатели за време на прошетката околу хотелот Капела, по работниот ручек, кога претседателот на САД го повел Ким Џонг Ун да му го покаже својот „ѕвер“, како што нагалено го нарекува робусното блиндирано претседателско возило вредно 1,6 милиони долари.

Дејл меил пишува дека Трамп очигледно имал намера да го импресионира својот колега, инаку лидер на една од најизолираните и најсиромашни држави.

На снимката може да се види дека Ким погледна во возилото, а според изразот на лицето, не може да се заклучи дека бил претерано воодушевен.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top