ВИДЕО: Најдобрите Гренд слем мечови годинава

ТП ги избра дуелите на Новак Ѓоковиќ со Хуан Мартин Дел Потро на Вимблдон и со Рафаел Надал на Ролан Гарос.

За најдобри натпревари на Гренд Слем турнирите, АТП ги избра дуелите на Новак Ѓоковиќ со Хуан Мартин Дел Потро на Вимблдон и со Рафаел Надал на Ролан Гарос, соопштија од Асоцијацијата на професионални тенисери.

Ноле и Делпо го одиграа најдолгото полуфинале на Вимблдон во кое Србинот триумфираше со 7-5, 4-6, 7-6, 6-7, 6-3.

Сепак, најдобар меч оваа сезона беше полуфиналето на Ролан Гарос помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. После четири часа и 37 минути игра, шпанскиот тенисер славеше со 6-4, 3-6, 6-1, 6-7, 9-7.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top