(ВИДЕО) Најемотивен момент на Вимблдон: Ѓоковиќ го урна Федерер, па отиде да прослави со син му

Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во финалето на Вимблдон со 3-2 во сетови, па така го освои трофејот по петти пат, а потоа замина радоста да ја сподели со најмилите..

Родителите на Ѓоковиќ, Дијана и Срѓан, со чичкото Горан, мечот го следеа од неговиот дел, со стручниот штаб на чело со Марјан Вајда.

Додека синот на Ѓоковиќ, Стефан немаше право да биде на трибините, па татко му го чекаше во просториите на Вимблдон.

Кога завршија формалностите на Централниот терен, Ѓоковиќ замина да го прегрне син му и да го бакне, додека Стефан си играше со трофејот.


Scroll To Top