(ВИДЕО) Најголемиот авион во светот успешно го реализира првиот лет

Авионот со најголем распон на крилата успешно го реализира првиот лет, објави американската авио-компанија „Stratolaunch“..

Авионот има два трупа и распон на крилата од 117 метри. Летал два ипол часа над пустината Мохаве во Калифорнија, на висина од пет километри и извел повеќе маневри.

„Каков прекрасен прв лет“, рекол извршниот директор на „Stratolaunch“, Џејн Флојд.

„Stratolaunch“ во 2011 година ја основа коосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален. Целта на компанијата е да овоможи лансирање на сателити во вселената од авион наместо од земјиното тло.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top