(ВИДЕО) Најголемиот огномет во вселената кој трае 170 години

Додека вие го читате ова, во вселената се случува мегаломански огномет кој трае 170 години, а НАСА направи фотографии од оваа космичка појава..

Во суштина, станува збор за умирањето на суперѕвездата Ета Карина. Тоа е двојна ѕвезда, односно две ѕвезди поврзани во еден гравитациски систем.

Вселенскиот телескоп Хабл сними фотографија од овој огномет , кој е ултравиолетов, додека појавите со црвена, сина и бела боја се гасовите кои излегуваат од Ета Карина, оддалечена од Земјата 7 500 светлосни години.

Овој небески спектакл, што сега изгледа како две ѕвезди, претходно бил масивна ѕвезда со огромно тело со маса колку 150 наши Сонца.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top