(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во силниот тајфун, што го погоди Токио

Поширокот подрачје на главниот јапонски град е пиогодено од тајфунот ,,Факсаи” , најсилен во последните неколку години..

Најмалку едно лице загина во силниот тајфун , со рекордно силни ветришта и дождови , поради што имаше прекин на јавниот сообраќај и на електричната енергија. Тајфунот го погоди источното предградие на Токио пред зори со најсилен ветар забележан во историјата , со брзина од 207 км/час.  

Властите ги предупредија жителите од оваа област , каде што живеат над 36 милиони луѓе, да останат во своите домови. Според последните информации загинала една жена на околу 50годишна возраст , а се повредени десетина лица. Над 130 летѕови се откажани , а затворени се и бројни железнички линии.

Во поширојкот подрачје на Токио дури 920 000 домаќинства останаа без струја , вклучително и целиот град Камогава. Над пет илјади луѓе се евакуирани , од кои повеќето во турситичкиот град Камакури , јужно од Токио.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top