(ВИДЕО) НАСА го одложи лансирањето на сондата ,,Паркер”

Американската вселенска агенција НАСА го одложи за утре лансирањето на сондата ,,Паркер”, прва сонда која треба да помине низ сончевата атмосфера.

Сондата опремена со високо-технолошки штит е со големина на автомобил. Проектот чинеше 1,5 милијарди долари.

НАСА првобитно за денеска планираше да ја лансира сондата од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, но се појави проблем со хелиумскиот притисок, што беше откриено неколку минути пред полетувањето на ракетата со сондата.

,,Паркер” би требало да премине 6,4 милиони километри над површината на Сонцето за период од седум години, колку што е предвидено да трае мисијата.

Целта на мисијата е да се истражат соларните ветришта кои можат да ја погодат Земјата. Соларниот ветер е струја од наелектризирани честички, која ја исфрла горната атмосфера на Сонцето. Честичките успеваат делумно да побегнат од гравитационото поле на Сонцето, по пат на процес кој сѐуште не е целосно објаснет.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top