(ВИДЕО) НАСА објави уникатнo панорамско видео од Марс, испратено од „Curiosity“

Лабораторијата на НАСА во Пасадена, Калифорнија покажа неверојатни панорамски слики на кратерот Гејл од Марс. Видеото беше снимено од роверот „Curiosity“ на 25 октомври минатата година, но штотуку стигна до земјата..

Роверот беше лансиран од Флорида на 26 ноември 2011 година и пристигна на Марс во август 2012 година, пишува „Дејли Мејл“. Оттогаш за шест и пол години, тој поминал 18 километри. Ова панорамско видео беше направено од височина од 327 метри.

Поради атмосферата на Марс, на видеото се видливи дури и најоддалечените објекти. На пример – планина која се наоѓа надвор од кратерот на растојание од околу 80 километри од роверот.

Истражувачите признаваат дека ова видео е најдеталното, што го добиваат од овој уред. Роверот тежи 900 килограми и чини 2,5 милијарди долари. Тој ќе остане на Марс уште две илјади дена.

Кратерот Гејл е именуван во чест на Волтер Фредерик Гејл, астроном кој го истражувал Марс од минатиот век. Експертите проценуваат дека кратерот можеби бил од 3,8 милијарди години. Неговиот дијаметар е 154 километри.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top