(ВИДЕО) „Не те вадам од памет“ - погледнете го спотот за новата песна на Влатко Лозаноски

Еден од најдобрите македонски естрадни уметници Влатко Лозаноски ја издаде својата нова песна „Не те вадам од памет“..

“Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.

Влатко вечерва на стадионот „Билјанини извори“ ќе одржи концерт.

Во продолжение слушнете ја неговата нова песна.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top