(ВИДЕО) НЕДОСТИЖНИТЕ КИНЕЗИ - Пронајдоа најефикасен начин за дезинфекција

Една од многуте кинески компании во градот Чонгинг произведе и постави тунели за дезинфекција, кои се наменети за стерилизација на работниците кои мора да одат на работа, со цел спречување на појава и ширење на смртоносниот вирус..

Во тунелите се вградени инфрацрвени детектори кои активираат спреј во моментот кога лицето ќе влезе во тунелот. Процесот на дезинфекција по влегувањето во тунелот трае 20 секунди.

Ваква превентивна мерка се применува и во Пекинг. Работниците мора да направат целосна дезинфекција во тунелите и откако ќе се вратат од пауза. 

Покрај тоа дневно се врши дезинфекција на 405 станици на подземната железница. 

Кај секој патник кој ја користи железницата се мери температура на телото.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top