(ВИДЕО) Некст Тајм направија преработка од песната за Тодор Александров и ги стопија срцата на патриотите

Братското дуо “Некст тајм”, после “Слушам кај шумат шумите”, повторно ги стопија срцата на Македонците.

Тие направија преработка на песната “Нешто ќе те питам бабо“, песна во која се велича еден од најистакнатите водачи на ВМРО, Тодор Александров.

Тодор Александров во време на комунизмот беше оцрнета личност од историјата и ние за него учевме како за негативец. Но периодот потоа покажа дека тоа воопшто не било така, како и за многу други делови од нашата историја кои ги обландирала Комунистичката партија на Југославија.

По мотивите и музиката на старата македонска народна песна со стихови кои имаат патриотска содржина, аранжерот Никола Мицевски и близнаците Филиповски направија современо музичко ремек дело, чија визуелизација на режисерот Огнен Шапковски го прави величествено.

На промоцијата во преполниот Драмски театар во кој буквално се стоеше се’ до ходникот и фоајето. Покрај претставниците на медиумите, мноштвото колеги и соработници на групата, јавни личности, врвни спортисти, пријатели и спонзори, беа прсутни и претставници на навивачката група „Комити“, како и дел од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од лидерот Христијан Мицковски.

По премиерното прикажување, во салата се скандираше: „Македонија, Македонија“…



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top