(ВИДЕО): Нема попуст за никого - Леброн Џејмс за првпат во НБА кариерата исклучен

Еден од најдобрите НБА кошаркари, Леброн Џејмс за првпат во неговата НБА кариера беше исклучен..

На мечот помеѓу Кливленд и Мајами, судијата Кен Фицгералд без многу респект и размислување, го испрати предвреме Џејмс на туширање.

Леброн жесток му се впушти на судијата откако не му беше досуден еден прекрашок, по што арбитарот експресно, без многу разговор и објаснување му го покажа патото кон тунелот.

„Беше навистина чудно. Ме фаулираа од моментот кога ја примив топката, па се до моментот кога шутнав. Само му приговорив на судијата, а то ме исклучи. Веќе 15 години приговарам и сум бил во вакви ситуации, но никој не ме исклучил“, изјави Леброн кој за првпат беше исклучен во неговите одигра 1082 НБА меча.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top