(ВИДЕО) Неверојатен пресврт на Борусија Дортмунд: Од 0-2, до победа над Интер од 3-2

Екипата на Интер на своите навивачи вечерва и приреди уште едно разочарување во рамки на Лигата на шампиониоте. Ниту предноста од 0-2 не беше доволна да се стигнд до првата сезонска радост во гости во рамки на групат Ф..

Мечот за избраниците на Антонио Конте тргна посакувано откако Лаутаро Мартинез донесе почетна предност релативно рано со гол во 5. минута. Во финишот на првиот дел предноста на „нераѕурите“ ја зголеми Вецино.

Но по паузата од 15 минута, на терен како да излегоа две различни екипи. „Милионерите“ веќе по пет минути игра преку Хакими намалија на 1-2.

Се играше 64. минута кога Бранд донесе израмнување од 1-1, за да Хакими со својот втор вечерашен гол во 77. минута донесе комплетен пресврт и победа од 3-2.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top