(ВИДЕО) Незаборавни концерти на Влатко Стефановски Трио во Австралија

Влатко Стефановски направи неверојатен спектакл по кој публиката ќе го памти.

Влатко Стефановски во моментов се наоѓа на голема турнеја во Австралија. Организатор на туренјата е Feel Balkan на Сотир Стојчевски.

Влатко Стефановски е светски познат и признат гитарист, гордост на Македонската музичка сцена.

Најпрво, Влатко Стефановски ја запали публиката во Мелбурн со својот спектакуларен настап. Салата беше преполна да ги собере сите обожаватели на звуците на Влатко Стефановски.

По Мелбурн, следуваше концертот во Сиднеј кој што помина незаборавно во многу емоции и уживање.

Последниот концерт Стефановски го одржа во Перт и помина спектакуларно.

Слободно можеме да кажеме дека Влатко Стефановски ги засени сите естрадни фолк ѕвезди од Македонија кои што прават турнеи во Австралија и собра многу повеќе пубика иако влезниците беа околу $100.

Голема заслуга за успехот и добрата организација има Сотир Стојчевски од организацијата Feel Balkan.

Ова треба да биде мотив за другите забавни ѕвезди во Македонија, не само за фолк, да се охрабрат и да дојдат да ја развеселат публиката во Австралија.

На Влатко Стефановски и Сотир Стојчевски им честитаме за успешните концерти и им посакуваме Влатко повторно да го видиме во Австралија што поскоро, а Сотир Стојчевски да донесе ново изненадување за Македонците во Австралија.

Медиумски покровител на настанот беше веб-порталот Фаланга.

Погледнете во целиот концерт во Мелбурн во следното видео:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top