(ВИДЕО) Нијагара во Драмски театар, се поплави еден час пред претстава

По вечерашниот дожд протече кровот на Драмскиот театар. Директорот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како се слева вода внатре во театарот на час ипол пред почетокот на претставата „Секс, дрога и рокенрол“..

-Вечерва на Секс дрога рокенрол… и поплава во Драмски… Течеше секаде… Сепак претставата ја одиграв… На крај дојдоа нуркачи и не извлекоа некако. Во женскиот тоалет се играше лебедово езеро. Публиката презадоволна, напиша Тасевски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top