(ВИДЕО) Нова „бомба“: Јанакиески прашува за Даљан во Охрид, Николоски одговара дека му договорен на Нефи за изборите

На Јутјуб се појави нова снимка од разговор меѓу Миле Јанакиески и Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ..

Јанакиески му се јавува на Николоски за да го праша за простор во Охрид, а Николоски му одговара дека тоа место веќе е договорено за Нефи.

„Има некој план за Охрид, накај Даљан, Гранит зградите што се..“, вели Јанакиески, а Николоски одговрара „О никако, тоа е од Нефи, овој бандитов, Албанецот, тоа му е дел за избориве“.

Нефи Усеини кои се споменува во снимката е член на Советот во Општина Охрид.

Миле Јанакиески беше министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски, а Александар Николоски е носител во изборната листа четири на ВМРО ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top