(ВИДЕО) Нова хорор снимка од трагедијата во Лестер: Снимен е падот на хеликоптерот

Откако во текот на вчерашниот ден се појавија снимки од безбедносните камери, денеска во јавноста островските медиуми пласираа нова снимка од падот на хеликоптерот во кој загинаа газдата на Лестер и неговите соработници..

Уште по самиот пад сведоци велеа дека хеликоптерот имал проблеми уште на полетувањето од стадионот и пилотите ја загубиле контролата над истиот.

Сега, се појавија снимки директно од стадионот од еден од стјуардите кои биле крај теренот во моментот кога полетувал хеликоптерот.

На снимката јасно се гледа дека пилотите се мачат да го покренат леталото, а веднаш откако ја надлетаа едната од трибините, ја губат контролата врз хеликоптерот кој почнува неконтролирано да се врти и се забива во паркингот веднаш зад трибината.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top