(ВИДЕО) Нови аудио снимки: Мицковски со Кичеец договарале соработка за изборите во западна Македонија

На четири објавени снимки се слушаат разговори помеѓу Мицкоски, Кичеец и извесна женска личност..

На четири објавени снимки се слушаат разговори помеѓу Мицкоски,  Кичеец и извесна женска личност. Од разговорите може да се заклучи дека се направени за време на првиот круг од претседателските избори во 2019 година, каде се слуша како Мицкоски и Кичеец договараат стратегии за соработка за претседателските избори но и за после тоа.


Од разговорите се слуша и дека Мицкоски и Кичеец соработувале и претходно и дека Кичеец за него вели дека бил добар извршител и се што му било кажано било завршено.


Според снимките, Мицкоски бара од Кичеец директно да комуницира со Милевски и да не заобиколува преку други: Се договара Милевски да ги анализира состојбите во Охрид за првиот круг од изборите после што би договориле соработка и за вториот круг.


Кичеец на Мицковски му открива и можна средба со Орце Камчев и заедничка средба за поинтензивна соработка после изборите за западна Македонија.

Патем речено, Мицкоски, на сите прозивки дали се среќавал со Кичеец категорично велеше дека не го правел тоа па дури и бараше доколу постојат било какви докази да не се секираат дали ќе ги тужи и да ги објават а тој лично ќе се појавел во истражниот затвор “Шутка”.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top