(ВИДЕО) Новинар му постави бизарно прашање на Ибра, а тој со својот потег го „утепа“

Сите кои барем малку следат фудбал знаат дека Златан Ибрахимовиќ низ својата кариера важел за играч кој нема влакна на јазикот..

Легендарниот Швеѓанец во Лос Анџелес го сочекаа голем број навивачи, но и новинари кои сакаа да се фотографираат со него, а еден од нив одлучи да го праша нешто сосема нелогично.

Новинарот кој доаѓа од Аргентина го запраша Златан што мисли за доаѓањето на Даниеле Де Роси во Бока Јуниорс иако тоа е сосема неповрзано со Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот очигледно се изнервира и реши да го пресече новинарот, па му постави контра прашање: „Сакаш фотографија или не“, го запраша Златан, а откако новинарот му одговори негативно со цел да го доврши прашањето, Ибра го пресече и си замина. Би можело да се каже во негов стил, но потегот на Ибрахимовиќ може да се протолкува и како навистина арогантен.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top