(ВИДЕО) Новинарка од БиХ за 17 дена добила диплома за медицинско училиште

Азра Омеровиќ, новинарка од босански „Журнал“, за само 17 дена успеала да добие диплома од средното медицинско училиште во Сански Мост, пренесуваат тамошните медиуми потенцирајќи дека таа притоа не присуствувала на ниту еден час..

Своите документи таа ги предала на 20 декември минатата година, а веќе на 3 јануари ја добила дипломата со сведителство за сите четири години.

На нејзината диплома пишувало дека таа запишала „преквалификација“ на 22 ноември 2016 година, а дека успешно го завршила образованието на 15 ноември 2018 година.

Целиот овој случај започнува од ноември минатата година кога редакцијата каде работела таа добила документација од полициски и правосудни агенции во кои се наведува дека на подрачјето на БиХ се продаваат дипломи од средни училишта и дека сето тоа е врзано со Центарот за образование од Широки Бријег, поддржано од страна на бизнисмени блиски до Хрватската демократска заедница во БиХ.

Документите покажуваат дека парите од Широки Бријег биле користени за основање на средношколски и високобразовни институции во Босна и Херцеговина и дека во овие установи се издаваат сомнителни дипломи.

За регионот на Сараево бил одговорен извесен Сенад Пехливановиќ, со кого новинарката имала кус телефонски разговор, и за првпат со него се сретнала во Сараево.

Кога таа контактирала со училиштето, оттаму ѝ посочиле дека за преквалификација е неопходно најмалку една година, меѓутоа Пехливановиќ можел да го обезбеди тоа за покус временски период, но за цена од 1 200 евра.

На средбата со Сенад Пехливановиќ новинарката се обидела да му даде пари однапред, но тој и рекол дека ќе мора даа бара латернативни решенија и дека овој пат нема да оди преку Широки Бријег. На средбата таа добила и специјален телефонски број наменет за договори околу дипломите, по што редакцијата во која работела дошла со листа на повици која докажувала дека Пехливановиќ од тој број контактирал само со Центарот за образование од Широки Бријег.

Откако Пехливановиќ ги средил документите на 3 јануари договорил средба со новинарката со цел да и ги предаде сведителствата и дипломата. На примопредавањето новинарката забележала дека има сведителства и диплома за завршено Медицинско техничко училиште од Сански Мост, тие биле заверени, со печат и јасни потписи, како и со оценки кои таа никогаш не ги добила.

По предавањето на документите, Пехливановиќ бил известен дека тие се новинарска екипа и дека целиот процес е снимен. Но тој само молчел. Иако тој з сега нема информации дека е уапсен или, пак, е покрената истрага, новинарите сакале да докажат што всушност се случува во образовниот систем, а дека обвинителството молчело, посочи еден од новинарите кои беа присутни на средбата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top