(ВИДЕО) Нуркач го сними Азурниот прозорец, најпознатата карпа на Малта, која се сруши во морето

Малтешката нација беше шокирана кога популарната карпа по силното невреме, се урна во март..

Една од најпрепознатливите туристички атракции на Малта, Азурниот прозорец, што се наоѓа на островот Гозо, пред неколку месеци се сруши во морето.

Малтешката нација беше шокирана кога популарната карпа по силното невреме, се урна во март. Малиот остров тогаш остана без една од своите најголеми атракции.

Сепак, карпата го продолжила својот живот под вода и сега може да ја видат само храбрите нуркачи.

„Големата бела карпа со свежи пукнатини изгледа навистина импресивно. Сепак, во следните неколку месеци нејзиниот изглед драстично ќе се промени. Ќе ја прекријат алги и ќе стане зелена. Нов живот ќе ја покрие оваа остра карпа така што нуркачите брзаат да ја видат во сегашната состојба“, рекол Конрад Бар од агенцијата „Фемили дајвинг Гозо“.

Макфакс


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top