(ВИДЕО) Обраќање на Д-р Љупчо Ристовски за заканите од престојната мигрантска криза

Прес конференција на ИНТЕГРА - Македонска Конзервативна Партија.

Претседателот на ИНТЕГРА, Д-р Љупчо Ристовски и координаторот на ресор безбедност Драган Стаменковски одржаа прес конференција во која ја адресираа заканата од претстојната мигрантска криза.

„Македонците, како основен конститутивен елемент на Македонската држава се пред закана од историски размери кој има за цел да го избрише тој конститутивен елемент на Македонската нација во уставот на татковината. Заканите се маркираат по два основи. Првиот е изјавата на високиот претставник на СДС, Оливер Спасовски веднаш по завршување на изборниот процес со која вели 'Македонија ќе ја претвориме во граѓанска држава'. Ова подразбира дека ќе се таргетира преамбулата на уставот и член 36 каде единствено останаа двата магични збора кои ја крепат државноста на Македонскиот народ и ја третираат Македонија како наша татковина.“ рече Д-р Ристовски.

Погледнете ја целата прес конференција:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top