(Видео): Обраќањето на Премиерот Никола Груевски на 68то Генерално собрание на ОН

Согласно меѓународното право Република Македонија има право да се самоименува и да го именува својот идентитет како македонски..

Што ќе ни е меѓународно право ако не го почитуваме? Ако ние ги затвориме очите пред оваа неправда и очигледно прекршување на меѓународното право директно ќе бидеме виновни за рушење на еден од постулатите на светскиот мир и на ОН. 

Ние тоа ниту сакаме ниту смееме да го дозволиме. Ако не постои меѓународно право би била анархија, а ОН би се претвориле во дебатен клуб без суштинска ингеренција. Ние не сакаме во тоа да учествуваме, по цена на се, па дури и на наша лична штета. 

Ако не го почитуваме меѓународното право, не ги почитуваме и 50 милиони жртви кои пред 70 години се изборија за него и ќе одиме против одлуките на нашите претходници-основачи на оваа организација. 

Меѓународното право не треба да е флоскула туку решение на секој предизвик. Согласно меѓународното право Република Македонија има право да се самоименува и да го именува својот идентитет како македонски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top