(ВИДЕО) Oд најавен распад, до европска титула - еве што влијаеше за непобедливиот Вардар во Келн

Двајцата новинари на Арена кои ги водеа најдраматичните мечеви на Вардар во Келн оваа година, Сретан Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, синоќа беа дел од грандиозната прослава на македонската публика..

Скопје гореше, градот под калето прскаше од среќа за втората титула на Вардар во клупската историја, а во посебна изјава за македонските тв сервиси, рекоа што точно било клучно за Вардар да биде непобедлив.

„Ова е историја која можеби тешко ќе биде повторена, но се надеваме дека ќе се повтори. Во овој момент мислам дека само Македонија може да приреди ваков спектакл“.

„Немањето на пари го направи големото единство во тимот на Вардар, да гинат еден за друг, да не гледат кој има поголема плата, туку систем во кој сите се исти и даваат се од себе, а тоа го има само Вардар“, констатираа споменатите Рашковиќ и Стевановиќ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top