(ВИДЕО) Од одмор од соништата до заробеништво: На крузерот пострашно и од затвор поради корона вирусот

Требало да биде одмор од сништата, но наместо тоа се претвори во заробеништво и хорор..

Брачен пар од САД Кент и Ребека Фрејжер се заробени на крузер „Дијамантска принцеза“ во Јокохама поради кононавирусот.

Бидејќи сите патници се тестирани, од балконт можеле да набљудуваат како со амбулантни возила доаѓаат и го водат заразените.

На бродот има 3700 луѓе, а засега заразени се 61 лице, а Ребека е една од нив.

Немала симптоми, освен блага болка во грлото.Кога медицинската сестра се појавила на вратата и кажала дека мора да го напушто бродот, Ребека била во шок.

„Ова е ужасно.Не можев ни да замислам дека вакво нешто може да се случи.Најтешка е неизвеснота, рекла таа.

После тоа никој не се појавил да ја дезинфицира собата, па така прашање на време е кога ќе биде позитивен тестот и на нејзиниот сопруг.

Освен овој, во Азија има уште два крузера во карантин поради појава на коронавирусот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top