(ВИДЕО) Одбележан 40 годишен јубилеј во Мелбурн без присуство на Владиката Петар

Скандалите во Епархијата не престануваат, мораше ли да дојдат верници од друга црква за да се докаже демек еве имаме подршка од локанните парохијани? Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн.

Во Саботата во Црковната општина „Св. Никола“ во Престон, Мелбурн се одржа 40-годишнината од основањето на црквата  „Св. Никола“.

На прославата пред присутните верници се обратија свештениците Трајко Мојсов и Тоне Гулев.

Свештеникот Трајко Мојсов зборуваше во име на Црковната општина „Св. Никола“ како Старешина на црквата „Св. Никола“. Со својот говор предизвика мал револт кај дел од верниците бидејќи зборуваше само за Свештенството притоа избегнувајќи да ги спомне основоположниците на истата и верниците (ктиторите) кои со години донираа огромни финансиски средства. Она што зачудува е што на ваков настан обично се обраќа претседателот на  Црковната општина, во случајот тоа е Свештеникот Миле Талески кој беше присутен и беше во улога на слушател наместо говорник и засега ова останува само енигма.

Исто така говор одржа и Свештеникот Тоне Гулев од Црквата „Св.Петка“ во Мил Парк во име на Администраторот Австралиско-Новозеландски г.Петар. Иако се знае дека заменик на Владиката е Игумен Никодим Солунчев сепак освен Владиката и тој исто така беше отсутен на прославата од засега непознати причини.

И покрај тоа што меѓу верниците кружеа шпекулации дека Митрополитот г.Петар ќе ги посети и ќе присуствува на оваа свеченост сепак за жал останаа разочарани и што е уште пожално без никаква информација кога нивниот Владика ке ги посети и ќе ги удостои со своето присуство иако беше дадено усмено известување во црквите.

Она со што засега се располага како информација е информацијата што ја пренесоа дел од Македонските медиуми, а тоа е дека Владиката Петар беше задржан на Скопскиот аеродром на распит од финансиската полиција.

Симптоматично е дека Владиката Петар ја нема посетено својата Епархија овде во Австралија околу седум месец иако канонски е Епархијата да ја посети барем еднаш во шест месеци,  последен пат бил лани во август, поминаа 6 месеци а него сеуште го нема..

За жал досега никој не им соопштува на верниците што точно се случува и поради тоа меѓу парохјаните владее големо разочарување што се рефлектира и со слаба посетеност на Црквите кои што се под управа на Владиката Петар.

На прославата изостана и Секретарот на Епархијата Љупчо Каревски кој непосредно пред прославната заминал на пат во Република Македонија.

Со отсуството на внукот на Владиката Петар - Љупчо Каревски енигмата уште повеќе се заплеткува.

Од информациите со кои што располагаме во овие 40 години постоење на Црквата „Св.Никола“ се крстиле и венчале илјадници наши Македонци, а за оваа прослава на 40-годишен јубилеј немаше ниту четириесет верници од оваа парохија.

Повеќето од присутните беа верници од Црквата „Св.Петка“ во Мил Парк. - Зошто е тоа така никој незнае.

Ќе се најде ли некој кој ќе ги информира верниците оние кои што всушност се најзаслужни за постоењето и градењето на сите овие Црковни храмови што всушност се случува? - Дали ова е само случајна ситуација и поклопување на нештата или навистина нешто неубаво се случува во Епархијата на г.Петар?



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top