(ВИДЕО) Одбележан Велики Петок во Мелбурн

Македонците во Австралија традиционално денес ги посетија Македонските Православни Храмови во голем број..

Денеска православните верници го празнуваат Велики Петок денот на Христовите страданија.

Во Македонски Православни храмови ширум Австралија достоинствено беше одбележан празникот Велики Петок.

На Велики Петок се оди во црквата каде што се оставаат дарови на Распетието Христово, и цвеќе на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. 

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос.

Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. 

Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус.

Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Во прилог погледнете како беше во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богоородица“ во Сиднам - Мелбурн каде што чиноначелствуваше Протоереј Ставрофор Ефтим Бетински.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top