(ВИДЕО) Одржана 27-мата по ред матурска вечер на учениците од Викториското Училиште за Јазици

Уште една успешно завршена генерација Македонски ученици благодарение на големиот труд на Македонските учители од Викториското Училиште за Јазици..

Во Недела, на 2ри декември во Гранд Нерет ресепшн, се одржа 27-мата по ред матурска вечер на учениците по Македонски јазик во Мелбурн.

На церемонијата присуствува учениците по Македонски јазик од училиштата во Томастон, Алтона и Килор Даунс на кои свечено им беа врачени дипломите. 

Пригодни говори со поздравни пораки одржаа: професорката од центарот во Томастон Љубица Талевска воедно и Претседател на Здружението на наставници по Македонски јазик во Викторија, Вице Конзулот за Мелбурн од Македонија Гоце Пејовски, професорката од центарот во Алтона Новка Блаир, професорката од центарот во Килор Даунс Дона Кантаровска, директорот на Викториското Училиште за Јазици, Френк Мерлино како и директорот на центарот од Томастон Калиф Греис.

Присутни беа и голем број професори по Македонски јазик во Викториското Училиште за Јазици кои предаваат во пониските одделенија, и родителите и роднините на матурантите.

За успешната организација на овој настан покрај претседателката на Здружението на наставници по Македонски јазик во Викторија Љубица Талевска имаше и коориднаторот на центарот во Томастон, професорот Љубе Трајковски.

Водител на програмата беше наставничката Мирјана Сиљаноска.

Присутните ги забавуваше Оркестар Бисер од Мелбурн, како и Анета Мицевска од Група Молика.

Настанот го следеа веб-порталот Фаланга и SBS радиото.

Порталот Фаланга на сите матуранти им го честита матурирањето и им посакува многу успех во понатамошното школување, а на сите идни генерации им посакува што помасовно запишување во Викториското Училиште за јазици со цел продолжување на традицијата на изучување на Македонскиот јазик овде во Австралија, а исто така со тоа и добивање повеќе поени за упис на Универзитетите во Мелбурн и Викторија.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top