(ВИДЕО): Огромни експлозии, Путин фрли „нов тип на бомба“ во Сирија

Вчера Русија го изврши најжестокото бомбардирање на северна Хама, а во нападите беа комплетно збришани неколку позиции на бунтовниците во градовите Суран, Таибат ал-Имам, Халфаја и Латамина..

Воен извор за Алмасдар рекол дека воздушните напади ги извршиле вкупно пет руски воени авиони и два хеликоптери, кои на неколку минути се враќале да ги бомбардираат исламистичките упоришта.

Вчераутро биле извршени најмалку 50 руски напади, со нешто за што се тврди дека е досега некористен тип бомби, кои предизвикале масовно уништување.

Неодамна беше објавено дека претседателот Владимир Путин работи на „тајна бомба“, која наводно е четири пати помоќна од оружјето со кое САД ја нападнаа ИСИС во Авганистан и носи 44 тони ТНТ. Сепак, не е познато дали тоа е бомбата користена во последниве неколку воздушни напади.

Русија добива многу критики поради големиот број цивилни жртви при нејзините бомбардирања во Сирија. Амнести интернешнел ги обвини Путин и неговите сириски сојузници дека намерно нишанат медицински установи кога вршат воздушни напади во области што ги држат бунтовниците.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top