(ВИДЕО) Османи: Прашањето за Албанец премиер е за постигнување еднавост во државата

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 вели дека по 15-ти јули Македонија ќе има прв премиер Албанец..

Османи вели дека идејата за премиер Албанец не е нова, дека за неа ДУИ се подготвувала уште наредниот ден кога Талат Џафери стана претседател на Собранието, како нареден чекор за како што вели надминување на последното табу – дека премиер може да биде само Македонец.

Според него, извесно е дека големите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе освојат најголем број пратенички места, но вели дека токму ДУИ ќе биде клучниот фактор и токму оваа партија во коалиција ќе го добие мандатот да формира влада.

- Прашањето за Албанец премиер не е етничко барање, туку за прашање за постигнување еднавост во државата. Тоа не е ад хок прашање, туку долгорочна цел, најавено уште во 2009 година. Премиер никогаш не бил Албанец, тоа значи се чува екслузивно за една етничка група и тоа значи подреденост на граѓаните од една и од друга етничка заедница. Затоа ние велиме после претседател на Собрание логичен след на чекори е претседател на Влада и со тоа се рушат сите точки на отпор кон еднаквоста. Натпартиско решение треба да биде премиер, а таков е господинот Насер Зибери. Отпорот за премиер Албанец е етнички, а тоа ќе се промени штом идејата ќе стане стварност, истакна Османи.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top