(ВИДЕО) Откорнати дрвја, разурнати локали: Траорен изглед на грчкиот остров Кефалонија по бурата Јанос

Грчкиот остров Кефалонија го погоди разурнувачката бура Јанос во петокот (18.09), а фотографиите од состојбата на островот по оваа природна непогода ќе ве наежат..

Откорнати дрвја, разурнати локали, уништени патишта, комплетно однесени плажи, направена е огромна материјална штета, а бурата за жал однесе и неколку човечки животи.

Локалните власти најавија дека нудат помош за загрозените од невремето и поплавите, а веќе се собираат и донации од граѓаните. 

На социјалните мрежи и на локалните медиуми последните неколку дена постојано се шират фотки и видеа од последиците.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top