(ВИДЕО) Откриена тајна американска ракета

Телевизијата „Еј-би-си њуз” објави видеоснимка на која може да се види американската суперлесна ракета „астра“ на компанијата „Астра спејс“..

Според руските медиуми, оваа американска телевизија објавила дека компанијата активно соработува со властите и со армијата, но дека за тоа не ги информира медиумите.

За ракетата се дознало случајно бидејќи истата не била во воена база, туку била транспортирана со камион на отворено. Кога новинарите на „Еј-би-си њуз“ почнале да бараат одговор чија е таа ракета, откриле дека подоцна, откако истата била забележана, била пренесена во воен хангар во кој се тестираат воени авиони.

Компанијата задолжена за одржување на тој објект не е регистрирана и нема телефонски број, се наведува во извештајот.

Колку за потсетување, медиумите во Америка, но исто така и во Русија, неодамна известуваа дека Пентагон развива суперпрецизна ракета што „може да погоди комарец в око“ и е наменета да ги погоди руските ракети пред истите воопшто да полетаат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top