(ВИДЕО) Панахида пред споменикот на Гоце Делчев во Мелбурн 2019

Во организација на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија на Денот на Република Македонија се одбележа пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на црквата "Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица" во Мелбурн..

Во својот говор Мирчо Ангеловски претседател на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија порача дека Македонците од Австралија се обединети и единствени во одбрана на името и идентитетот на Македонската нација.

Комеморација за загинатите револуционери и борци за слобода на Македонија одржа Архимандрит Гаврил во сослужение со свештениците Климент Станковски и Глигор Киселинов.

Во дел од говорот на прославата на Денот на Републиката 2 Август Мирчо Ангеловски од МПОМВ потенцира дека Македонците во Австралија се обединети и единствени во одбрана на името Македонија и идентитетот и упати неколку пораки.

По панахидата пред споменикот на Гоце Делчев, слeдуваше веселба во „Heritage Reception“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top