(ВИДЕО) Папата Франциск ги понижи Македонија, Македонците и Македонската Црква

Пишува: Тодор Петров.

4 мај 2019 година, Рим, Италија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од обраќањето на Папата Франциск до “граѓаните” пред неговата престојна посета на Македонија на 7 мај годинава, затоа што државата Македонија ја именува како “Северна Македонија”, наместо Македонскиот народ и Македонската Православна Црква вели “вашиот народ” и “црквата што постои во вашата земја”, а воопшто пак не ги спомна светите солунски браќа Кирил и Методиј Македонците.

Истовремено, загрижува пораката на Папата за негување на “култура да се излезе во пресрет” и “култура на братство” чие семе е дојден да го посее, веројатно како аманет од Брисел за прифат на мигранти од Азија, Арапскиот свет и Африка, што за Македонија е неприфатлива опција!

СМК за неприфатливо го оценува обраќањето на Папата Франциск до бугарската јавност пред неговата престојна посета на Бугарија на 5-7 мај годинава во кое зборува за Бугарската Црква и за Бугарија како земја во која светите Кирил и Методиј го ширеле Евангелието не спомнувајќи ја Македонија.

СМК го потсетува Папата дека Неговото Високопреосвештенство господин Киро Стојанов бискуп скопски, до скоро носеше и папска титула “Егзарх во Македонија”, а сега Македонија, Македонците и Македонската Црква ниту ги спомнува во обраќањето пред неговото престојно доаѓање во државата Македонија!




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top