(ВИДЕО) Пендаровски: Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава

Пендаровски во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 еврa.

Пендаровски истакна дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.

-Малиот шенген е една иницјатива, но тој нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме потполно зависни од Европската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум за млади лидери.

Претседателот Пендаровски рече дека процесот на проширување на ЕУ ќе потрае, затоа „Имаме информации дека во државите членки ќе има многу проблеми“ поради новата методологија која што ја предложи Франција.

-Ако се обидеме на Балканот да направиме мала ЕУ, тогаш имаме шанси да ги задржиме младите луѓе овде и да го трансформираме нашето друштво, но вистински, а не бирократски, рече Пендаровски.

На регионалниот форум за млади лидери во Нови Сад учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Инаку, Пендаровски престојуваше во дводневна посета на Србија, каде што оствари и повеќе средби со високи српски претставници.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top