(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ СО БОРИСОВ: Љубави како си ми, имаш голем поздрав од Зоки

Пендаровски кој завчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Сараево имаше повеќе неформални средби, меѓу кои и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Според видеото, што е објавено на социјалните мрежи, Пендаровски покажува многу близок пријателски однос со бугарскиот премиер, но изненадува „дипломатскиот јазик“ на комуникација со Борисов, иако станува збор за неформална средба.

– Како си љубави, имаш поздрав од Зоки, се зборови со кои Пендаровски му се обраќа на Борисов.

На видеото погледнете и слушнете што се случува по поздравот и пријателското гушкање меѓу Пендаровски и Борисов, на што е сведок и Брнабиќ. Патем, во второто видео Борисов говори за „северомакедонскиот президент“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top